Лондонскиот градоначалник Садик Кан побара втор референдум за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, критикувајќи ја Владата и спогoдбите околу брегзит. Во текстот објавен во „Обзервер“ лабуристот Кан пишува дека со фактот оти Британија треба да излезе од ЕУ за шест месеци, сега се соочува со два ризични избори: лош договор или никаков договор.
„Оваа дебата повеќе стана дебата за политичките амбиции на Борис Џонсон, отколку дебата за доброто на Велика Британија“, вели градоначалникот Кан.
Премиерката Тереза Меј рече дека второто гласање би било „предавство за нашата демократија“.