„Луфтханза“ денеска доживеа сериозен дефект во компјутерскиот систем, што ја принуди да одложи или откаже сè уште непознат број летови, изјави портпаролот на германската авиокомпанија.
Погодени беа системите за пријавување и влегување во авион, што предизвика масовно собирање на авиони и патници на аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија.
„Компанијата интензивно работи на решавање на проблемот“, кажа портпаролот.