ЛУКАШЕНКО ЈА СТАВИ ВОЈСКАТА ВО СОСТОЈБА НА ВИСОКА ГОТОВНОСТ ОТКАКО ГО ОБВИНИ НАТО ДЕКА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА НА БЕЛОРУСИЈА

    ЛУКАШЕНКО ЈА СТАВИ ВОЈСКАТА ВО СОСТОЈБА НА ВИСОКА ГОТОВНОСТ ОТКАКО ГО ОБВИНИ НАТО ДЕКА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА НА БЕЛОРУСИЈАЛукашенко кажа дека ја поместува белоруската армија кон границата со Полска (Фото: ЕПА)

    Александар Лукашенко изјави дека ја ставил армијата во состојба на висока готовност, обвинувајќи го НАТО дека ги наголемува своите сили на границите на Белорусија. НАТО ги отфрли овие тврдења како неосновани.

    Протестите против спорната победа на Лукашенко на последните претседателски избори продолжија и вчера во Минск. Лукашенко го обвини НАТО дека се обидува да ја подели земјата и да постави нов претседател, додавајќи дека ја поместува белоруската армија кон западната граница.

    „Тие ја размрдуваат ситуацијата во нашата земја и се обидуваат да ја урнат власта. Им наредив на шефовите на безбедносните сили да ги зајакнат мерките за одбрана на територијалниот интегритет на земјата“, изјави Лукашенко.

    НАТО ги отфрли тврдењата дека претставува закана по Белорусија и дека ги зголемува своите сили во регионот, додавајќи дека нивната поставеност е строго одбранбена.

    „Режимот се обидува да го одврати вниманието од внатрешните проблеми на Белорусија со вакви тотално неосновани изјави за измислени надворешни закани“, кажа претседателот на Литванија, Гитанас Науседа.

    Облечен во маскирна униформа, Лукашенко вчера ги посети воените единици во Гродно во близина на границата со Полска, каде што е планирана голема воена вежба од 28 до 31 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира