МАЈКЛ БЛУМБЕРГ ДАВА 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ДА МУ ПОМОГНЕ НА БАЈДЕН ДА ГО ПОБЕДИ ТРАМП ВО ФЛОРИДА

    МАЈКЛ БЛУМБЕРГ ДАВА 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ДА МУ ПОМОГНЕ НА БАЈДЕН ДА ГО ПОБЕДИ ТРАМП ВО ФЛОРИДАБлумберг потроши една милијарда долари на својот неуспешен обид да добие претседателска номинација од Демократите (Фото: АП)

    Бившиот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг објави дека со 100 милиони долари ќе ја поддржи претседателската кампања на Џо Бајден во Флорида, која важи за една од клучните сојузни држави на изборите.

    Блумберг, чие богатство е 17 пати поголемо од она на Доналд Трамп, потроши една милијарда долари на својот неуспешен обид да добие претседателска номинација од Демократите и се откажа во март. И покрај тоа, тој вети дека ќе им помогне на Демократите да го победат Трамп, кој неодамна кажа дека е подготвен да инвестира сопствени пари во кампањата ако тоа биде потребно.

    Последните анкети покажуваат дека изборната трка во Флорида ќе биде тесна и победа на Бајден значително ќе го усложни патот на Трамп кон обезбедување втор мандат. И Републиканците инвестираат милиони долари во Флорида за да ги засилат своите операции на терен и да допрат до латино популацијата. Во 2016, Трамп ја победи Хилари Клинтон во Флорида за само 1,2% гласови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира