МАКРОН НА СРЕДБА СО МЕРКЕЛ, ЕДУАР ФИЛИП НОВ ПРЕМИЕР НА ФРАНЦИЈА

    МАКРОН НА СРЕДБА СО МЕРКЕЛ, ЕДУАР ФИЛИП НОВ ПРЕМИЕР НА ФРАНЦИЈАВеднаш по именувањето на премиерот, Макрон отпатува за Берлин, продолжувајќи ја традицијата на француските претседатели првата посета во странство да им биде во Германија (Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, поздравен на црвениот ќилим пред германската влада со воени почести на неговиот прв ден на функција, што почна со именување на 46-годишниот пратеник Едуар Филип за нов француски премиер. Именување на Филип на највисоката функција во неговата влада заврши неколку работи за Макрон (39), најмладиот претседател на Франција, кој вчера ја презеде власта.

    Републиканецот Едуар Филип е досегашен градоначалник на пристаништето Авр во Нормандија, адвокат со пракса и автор на политички трилери (Фото: АП)

    Возраста на Филип ја засили смената на генерациите во коридорите на моќта на Франција и имиџот на младешки полет што Макрон го создава. Филип е исто така релативно непознат за гласачите, и го исполнува ветувањето во кампањата на Макрон да ја наполни француската политика со нови лица. Филип е досегашен градоначалник на пристаништето Авр во Нормандија, адвокат со пракса и автор на политички трилери. Неговото назначување означува пресвртница во обновата на политичката сцена во Франција, која експлодира со изборот на Макрон – првиот претседател на модерна Франција кој не е од мејнстрим партиите на левицата или десницата. Филип е член на мејнстрим-десничарската Републиканска партија. Како таков, Филип би можел да привлече други републиканци кон програмата на Макрон, кој како центристички претседател работи на тоа да состави мнозинство во парламентот за да помине неговата ветена економска реформа. Ален Жипе, поранешен француски премиер, го нарече Филип „човек со голем талент” со „сите квалитети да се справи со тешката работа“.

    Набргу по именувањето на премиерот, Макрон отпатува за Берлин, продолжувајќи ја традицијата на француските претседатели првата посета во странство да им биде во Германија. Германија и Франција традиционално се моторот на европската интеграција, но врската во последните неколку години ослабе како што Франција имаше економски проблеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира