МАКРОН НАРЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО ФРАНЦИЈА, ВОВЕДЕ РЕСТРИКЦИИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ГРАЃАНИ

    МАКРОН НАРЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО ФРАНЦИЈА, ВОВЕДЕ РЕСТРИКЦИИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ГРАЃАНИ„Вакцинирајте се“ е главната порака на Макрон од која направи и меме на социјалнте мрежи. (Фото: Фејсбук на Макрон)

    Францускиот претседател Емануел Макрон вчера нареди сите здравствени работници да се вакцинираат против ковид-19 до 15 септември и ги повика сограѓаните да се вакцинираат што побрзо, бидејќи бројот новозаразени почна да расте. Макрон воведе и специјални ковид-пропусници за сите што сакаат да одат во ресторан, трговски центар, болница, кино или да патуваат со воз и авион. Ковид-пропусница ќе добијат сите целосно вакцинирани, или прележани или со нов негативен ковид тест.

    Делта сојот забрзано се шири низ Франција каде 40% од населението е целосно вакцинирано, а ковид мерките беа олеснети пред почетокот на летните одмори.

    „Вакцинирајте се!“ е главата порака на Макрон. Но тој не најави нови рестрикции, туку кажа дека „мора да научиме да живееме со вирусот“. Тој рече дека владата денеска ќе прогласи здравствена вонредна состојба, што на власта ќе ѝ овозможи повеќе слобода да воведува рестрикции против ковид-19.

    Во Франција вакцините се нашироко достапни за секого над 12 години. Но, последниве недели интересот се намали поради одморите и чувството дека веќе нема опасност од вирусот, а и поради тоа што дел од луѓето сакаат да се вакцинираат после одморите. Викендов интересот почна повторно да расте, во очекување на најавеното обраќање на Макрон.

    Досега тестирањето беше бесплатно за секого на француска територија, но Макрон вчера најави дека отсега ќе се наплаќа за некои од ковид тестовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира