Малтeшката уапси осум лица во врска со убиството на блогерката Дафне Карвана Галиција со автомобил-бомба. Премиерот Џозеф Мускат кажа дека полициската истрага се водеи во градот Марса и во областите Бугиба и Зебуг.
Карвана Галиција беше убиена близу нејзиниот дом на 16 октомври, со напад кој ја шокираше земјата. Педест и тригодишната новинарка беше убиена за нејзиниот блог во кој што бвинува врвни политичари за корупција.
Владата понуди еден милион евра за ингормација околу нејзиното убиство. Меѓународни експерти, вклучувајќи го и ФБИ, беа повикани да помогнат во истрагата.
Полицијата и војската беа пратени на безбедносни операции, со блокирани патишта, а беа поставени и патролни бродови. Мускат кажа дека некои од уапсените веќе ѝ биле познати на полицијата, а други веќе имаат претходни криминални досијеа.
На прашањето дали оссумината уапсени учествувале во убиството, и дали меѓу нив е и организаторот, Мускат одби да коментира.
„Имам јасна идеја што направиле и кои се, но не можам да дадам повеќе детали засега“, рече тој.