МАСК ОТВОРИ АНКЕТА ДАЛИ ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ШЕФ НА ТВИТЕР

    МАСК ОТВОРИ АНКЕТА ДАЛИ ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ШЕФ НА ТВИТЕРМаск кажа дека ќе ги почитува резултатите од анкетата (Фото: АП)

    Илон Маск побара од корисниците на Твитер да гласаат дали тој треба да остане извршен шеф на оваа компанија, што ја купи во октомври за 44 милијарди долари.

    Во анкетата во која можат да учествуваат неговите 122 милиони следбеници, Маск праша: „Дали треба да се повлечам од позицијата шеф на Твитер? Ќе ги почитувам резултатите“.

    Маск самиот се назначи за извршен шеф на компанијата „Твитер“, додека истовремено ги води „Тесла“ и „СпејсЕкс“ и најави дека ќе се гласа и за други големи промени во политиката на оваа социјална мрежа.

    Анкетата следува откако Твитер кажа дека ќе ги укине сите профили кои промовираат или содржат име на други социјални мрежи. Ова беше критикувано и од еден од основачите на Твитер, Џек Дорси, кој неодамна инвестираше во платформата Ностр.

    Свесни сме дека многумина наши корисници се активни и на други социјални мрежи. Сепак, веќе нема да дозволиме промоција на одредени социјални мрежи, како Фејсбук, Инстаграм, Мастодон, Ностр и Трајбел и веднаш ќе отстраниме такви профили“, објави Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира