УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ СЕ РАЗНЕСЕ ВО ИРАНСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ПАРИЗ

    УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ СЕ РАЗНЕСЕ ВО ИРАНСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ПАРИЗПолицијата по претресот откри дека човекот не носи никаков експлозив. (Фото: Фигаро)

    Француската полиција го уапси мажот кој се заканувал дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат во Париз, но по претресот било откриено дека не носи никаков експлозив. Мажот подоцна го напуштил конзулатот и потоа бил уапсен, изјави полициски извор. Телевизискиот канал БФМ објави дека тој носел реплика на гранати. Извор од полицијата рече дека тоа е истиот човек кој бил осомничен за обид за подметнување пожар во близина на иранскиот конзулат во инцидентот во септември минатата година.

    Весникот „Паризиен“ на својата веб-страница објави дека, според неколку сведоци, човекот влечел знамиња на подот на конзулатот и рекол дека сака да се одмазди за смртта на неговиот брат.

    Француската полиција го опколи иранскиот конзулат во Париз по извештаите дека маж кој влегол внатре се заканувал дека ќе се разнесе. Полициски извор изјави за Ројтерс дека мажот бил виден околу 11 часот како влегува во конзулатот, носејќи нешто што изгледало како граната и елек со експлозив.

    Полицијата соопшти дека е на местото на настанот и побара од јавноста да ја избегнува областа, но не соопшти повеќе детали. „Фигаро“ објави дека дека конзулатот упатил „барање за интервенција“ до полицискиот штаб.

    Не е јасно дали инцидентот има некаква врска со ескалацијата на тензиите меѓу Иран и Израел.
    Претходно денеска, експлозии одекнаа над иранскиот град Исфахан за кој разни извори рекоа дека е израелски напад, но Техеран го омаловажи инцидентот и укажа дека нема планови за одмазда – одговор што се чинеше одмерен заради избегнување војна во целиот регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира