„МЕКДОНАЛДС“ ГИ ЗАТВОРА СИТЕ 850 РЕСТОРАНИ ВО РУСИЈА

    „МЕКДОНАЛДС“ ГИ ЗАТВОРА СИТЕ 850 РЕСТОРАНИ ВО РУСИЈА„Мекдоналдс“ вработува 62.000 луѓе во Русија (Фото: Гети)

    „Мекдоналдс“ објави дека привремено ги затвора сите свои ресторани и запира со работа во Русија. Ланецот за брза храна е исклучително популарен во Русија, каде што има околу 850 ресторани и вработува 62.000 луѓе. Фирмата кажа дека ќе продолжи да ги исплатува платите.

    „Мекдоналдс“ се соочи со силни критики што продолжи да работи и откако голем број компании и брендови се повлекоа од рускиот пазар поради инвазијата на Украина.

    „Конфликтот предизвика незамисливи страдања на невини луѓе и ние му се придружуваме на светот во осудата на агресијата и насилството и се молиме за мир“, изјави извршниот директор на компанијата Крис Кемпчински.

    „КФЦ“ и „Пица хат“ претходно кажаа дека запираат со инвестициите во земјата, но не потврдија дека ги затвораат рестораните.

    „Мекдоналдс“ го отвори првиот ресторан во Москва во 1990 и беше еден од симболите на отворањето на Русија кон западот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира