МЕКСИКО ГО РЕВИДИРАШЕ БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, БРОЈКАТА ПОРАСНА ЗА 60% НА 320.000

    МЕКСИКО ГО РЕВИДИРАШЕ БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, БРОЈКАТА ПОРАСНА ЗА 60% НА 320.000Во Мексико се прават малку тестови и бидејќи болниците се преплавени, многу Мексиканци умираат дома без да се тестираат. (Фото: АФП)

    Мексиканската влада призна дека вистинскиот број на починати од ковид-19 е 321.000, речиси 60 отсто повеќе од официјалната бројка од 201.429. Во Мексико се прават малку тестови и бидејќи болниците се преплавени, многу Мексиканци умираат дома без да се тестираат. Единствениот начин да се добие појасна слика е да се истражи вишокот смртни случаи со проверка на посмртниците.

    Вчера, мексиканската влада тивко објави таков извештај, откривајќи дека има 294.287 смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на пандемијата до 14 февруари. Од 15 февруари наваму, има дополнителни 26.772 потврдени смртни случаи од ковид-19.

    Со новата бројка на смртни случаи, Мексико се израмни со Бразил, кој е втор по вкупен број на смртни случаи во светот по САД. Но, Мексико со популација од 126 милиони жители е далеку помала земја од Бразил и САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира