МЕЛБУРН ПРОГЛАСИ СОСТОЈБА НА КАТАСТРОФА ПОРАДИ КОВИД-19 И ВОВЕДЕ ШЕСТНЕДЕЛЕН НОЌЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    МЕЛБУРН ПРОГЛАСИ СОСТОЈБА НА КАТАСТРОФА ПОРАДИ КОВИД-19 И ВОВЕДЕ ШЕСТНЕДЕЛЕН НОЌЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАСДосегашните рестриктивни мерки се покажаа недоволни за да се скроти вирусот во Викторија (Фото: Ројтерс)

    Втората најнаселена австралиска сојузна држава Викторија прогласи состојба на катастрофа и воведе ноќен полициски час во Мелбурн како дел од најстрогите рестриктивни мерки досега во обид да го сопре ширењето на коронавирусот.

    Иако беше ставен во шестнеделен карантин, Мелбурн се мачи да го скроти вирусот и денеска регистрираше нови 671 случаи на зараза, како и седум починати од ковид-19. Поради голем број случаи од непознато потекло, во градот се воведени дополнителни мерки, кои ќе бидат на сила шест недели, до 13 септември.

    „Со досегашните мерки спречивме илјадници и илјадници нови случаи на зараза, но тие не делуваат доволно брзо“, кажа премиерот на Виктроија, Даниел Ендрјус.

    Полицискиот час во Мелбурн ќе биде на сила од 20 до пет часот, кога на петте милиони жители ќе им биде забрането да излегуваат од дома, освен за работа и итни случаи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира