МЕРКЕЛ И МАКРОН ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ДА ГО ЗАЈАКНАТ СВОЕТО ВОДСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    МЕРКЕЛ И МАКРОН ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ДА ГО ЗАЈАКНАТ СВОЕТО ВОДСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈАМеркел и Макрон се сретнаа во Ахен 56 години откако таму беше потпишан договор за помирување на Германија и Франција (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел и Емануел Макрон потпишаа нов документ за меѓусебна соработка и интеграција, како обновување на Елисејскиот договор за помирување на Германија и Франција од 1963 година, обидувајќи се да ја заживеат главната оска на Европската Унија, среде сѐ порастечките национализам и евроскептицизам.

    На церемонијата во пограничниот германски град Ахен, Меркел и Макрон покажаа дека се подготвени да го зајакнат своето водство во рамките на Унијата и да му дадат нов импулс на европското единство, кои во последен период беа ставени на голем тест од брегзит и мигрантската криза.

    „Го правиме ова, бидејќи живееме во специфично време и затоа што во овие времиња ни требаат решителни, јасни и напредни одговори“, изјави Меркел.

    Без да бидат соопштени детали, продолжувањето на договорот треба да ги доближи надворешните и одбранбените политики на двете земји, но тој чини малку на планот на економските реформи во еврозоната.

    „Во времето кога на Европа ѝ се заканува национализмот кој расте одвнатре, кога Европа е потресена од брегзит и од глобални промени, Германија и Франција мора да преземат одговорност и да го покажат патот кон напред“, кажа Макрон.

    Новиот документ од Ахен треба да помогне Германија да биде примена во постојано членство на Советот за безбедност на Обединети нации, за да се здобие со поголемо влијание во организацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира