МЕРКЕЛ СЕ РЕВАКЦИНИРАШЕ СО „МОДЕРНА“, ИАКО ПРВАТА ДОЗА БЕШЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“

    МЕРКЕЛ СЕ РЕВАКЦИНИРАШЕ СО „МОДЕРНА“, ИАКО ПРВАТА ДОЗА БЕШЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“Меркел првата доза ковид вакцина ја прими во април, а ревакцината ја примила пред неколку дена. (Фото: Гети)

    Германската канцеларка Ангела Меркел прими втора доза ковид вакцина од „Модерна“, откако првата доза беше со „АстраЗенека“, соопшти владиниот портпарол. 66-годишната Меркел првата доза вакцина ја прими во април, а ревакцината ја примила пред неколку дена.

    Според експертите, мешањето на вакцините против ковид-19 може да биде добра идеја, но сѐ уште се на ставот дека е прерано да бидат сигурни.

    Меркел при крајот на годинава ќе се повлече од политиката после 16 години на власт.

    Во март, Германија како и уште неколку европски земји, привремено ја стопираше употребата на оксфордската вакцина, откако беа регистрирани повеќе случаи со згрутчување на крвта. Потоа ја ограничи употребата само на лица над 60 години, а сега се дава на сите возрасти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира