МИРОВЕН ДОГОВОР САМО АКО РУСИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ НА ПОЗИЦИИТЕ ОД 23 ФЕВРУАРИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    МИРОВЕН ДОГОВОР САМО АКО РУСИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ НА ПОЗИЦИИТЕ ОД 23 ФЕВРУАРИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИВчера беа евакуирани уште 50 цивили кои со месеци се криеја во подземните бункери на „Азовстал“ (Фото: ЕПА)

    Володимир Зеленски изјави дека мировен договор со Русија доаѓа предвид само ако таа ја повлече својата војска на позициите на кои што беше пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Тој додаде дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати.

    „Јас бев избран од украинскиот народ за да бидам претседател на Украина, не на некоја мини-Украина. За да запре војната помеѓу Украина и Русија, мора да се вратиме на ситуацијата од 23 февруари“, изјави Зеленски.

    Тој притоа не го спомна полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014, но повика на обновување на дипломатскиот дијалог помеѓу двете земји.

    „И покрај фактот што тие ги уништија сите мостови, мислам дека, фигуративно кажано, не се уништени сите мостови“, кажа Зеленски.

    Русија претходно кажа дека мировните преговори се во фаза на стагнација. Таа продолжува да се обидува да преземе целосна контрола врз Мариупол, чии последни бранители се утврдени во челичарницата „Азовстал“ и одбиваат да се предадат. Целосното освојување на Мариупол би било најголемото постигнување на Русија во повеќе од двомесечната војна и на Владимир Путин би му дало нешто за славење на 9 мај, кога земјата го одбележува Денот на победата над фашизмот.

    Вчера беа евакуирани уште 50 цивили кои со месеци се криеја во подземните бункери на „Азовстал“ и најавено е дека извлекувањето ќе продолжи и денеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира