МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ РУСИЈА-УКРАИНА БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ОДРЖАТ И ВО БЕЛГРАД, КАЖА ЛАВРОВ

    МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ РУСИЈА-УКРАИНА БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ОДРЖАТ И ВО БЕЛГРАД, КАЖА ЛАВРОВЛавров ја пофали Србија што одби да се приклучи кон санкциите за Русија (Фото: РИА новости)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е свесен каков притисок се врши врз Србија во врска со случувањата во Украина, но верува дека таа ќе продолжи со својот паметен избор во оваа ситуација. Лавров кажа дека мировните преговори Русија-Украина би можеле да се одржат и во Белград.

    „Гледаме дека САД се обидуваат да ја наметнат својата хегемонија на Балканот“, кажа Лавров и се осврна на западните санцкии за Русија.

    „Западот секогаш ќе има повод за некакви санкции, зашто целта е Русија да се скроти на стратешки план. Не постои никаква изолација на Русија. Во оваа етапа запрепастува експлозијата на пештерска русофобија што западните лидери активно ја поттикнуваат“.

    Лавров ја пофали приврзаноста на Србија кон нејзините традиционални пријатели. Србија досега одбиваше да ги поддржи санкциите за Русија.

    Рускиот шеф на дипломатијата истакна дека демилитаризација и денацификација на Украина се задолжителни елементи на мировниот договор.

    „Досега имавме три рунди преговори во Белорусија, сега е постигнат договор тие да продолжат во Истанбул. Ја разгледуваме можноста и за други локации, вклучувајќи го Белград“, изјави Лавров.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира