МЛАДИТЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА ПОСЛЕДНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ НИЗ ЕВРОПА, ВЕЛИ СЗО

    МЛАДИТЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА ПОСЛЕДНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ НИЗ ЕВРОПА, ВЕЛИ СЗОПреполните плажи низ Европа покажуваат дека социјалното дистанцирање слабо се почитува (Фото: ЕПА)

    Светската здравствена организација вели дека последното ширење на коронавирусот низ Европа можеби се должи на зголемениот број заразени меѓу млади луѓе. Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа, вели дека властите треба подобро да комуницираат со младите.

    „Поголем број земји се соочуваат со локални ширења на коронавирусот и со пораст на бројот на нови случаи. Она што го знаеме е дека тоа е последица на промената на однесувањето на луѓето. Примаме извештаи од здравствените власти од повеќе држави дека е регистрирано зголемување на бројот на нови случаи на зараза меѓу млади луѓе“, изјави Клуге.

    Како татко на две деца, тој вели дека разбира дека младите не сакаат да го пропуштат летото.

    „Но, тие исто така имаат одговорност кон себеси, своите родители и роднини и кон својата заедница“, додаде Клуге.

    Шпанија, Франција, Германија и Балканот се деловите од Европа каде што има загрижувачки пораст на бројот на заразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира