МЕРКЕЛ ГИ КРИТИКУВАШЕ „ОРГИИТЕ ОД ДИСКУСИИ“ ОТКАКО ГЕРМАНИЈА ПОЧНА ДА ГИ ОЛЕСНУВА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

    МЕРКЕЛ ГИ КРИТИКУВАШЕ „ОРГИИТЕ ОД ДИСКУСИИ“ ОТКАКО ГЕРМАНИЈА ПОЧНА ДА ГИ ОЛЕСНУВА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19Меркел порача и натаму да се почитува социјалното дистанцирање (Фото: Ројтерс)

    Германија мора да остане претпазлива и дисциплинирана во својата борба против коронавирусот доколку сака да го избегне враќањето на заразата во наредните недели, изјави канцеларката Ангела Меркел откако земјата денеска почна да ги олеснува рестриктивните мерки.

    На онлајн состанокот со водството на нејзината партија ЦДУ, Меркел остро го критикуваше тоа што во некои сојузни држави се водат „оргии на дискусии“ за натамошно отворање на земјата. Таа изразила загриженост дека досега остварениот напредок во намалувањето на стапката на заразата би можел да пропадне ако недоволно луѓе го почитуваат социјалното дистанцирање.

    Дискусиите за олеснување на ограничувањата не помагаат. Мора да останеме будни и дисциплинирани“, рекла Меркел на состанокот.

    Од денеска, низ Германија повторно се отворени продавници со површина до 800 квадратни метри, исто како и книжарници, продавници за автомобили и велосипеди и зоолошки градини.

    Германија е петта по бројот на заразени, но има ниска смртност – 4.683 на 146.293 случаи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира