МОСКВА ИСПРАТИ ДИПЛОМАТСКА НОТА ДО ВАШИНГТОН ДА ПРЕСТАНЕ ДА ИСПРАЌА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА

    МОСКВА ИСПРАТИ ДИПЛОМАТСКА НОТА ДО ВАШИНГТОН ДА ПРЕСТАНЕ ДА ИСПРАЌА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНАУништен руски воен конвој во Украина. (Фото:Твитер)

    Русија испрати формално барање до САД да не испраќа веќе оружје во Украина. Според „Вашингтон Пост“, Москва испратила дипломатска нота, предупредувајќи дека испораките на САД и НАТО на вооружени системи за Украина додаваат гориво на конфликтот и може да донесат непредвидливи последици.

    Портпарол на Стејт Департментот не потврди каква било дипломатска кореспонденција, но кажа јасно дека САД ќе продолжи да испраќа оружје во Украина.

    „Она што можеме да го потврдиме е дека заедно со сојузниците и партнерите обезбедуваме безбедносна помош вредна милијарди долари за Украина и нашите партнери од Украина ја користат одлично против неиспровоцираната агресија на Русија“, кажа портпаролот.

    САД се подготвува да ја испрати најновата пратка воена помош за Украина вредна 800 милиони долари, со што вкупната помош од САД достигна 2,6 милијарди долари од почетокот на војната.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира