МОЖЕБИ ЌЕ ЈА ШОКИРАМЕ ШВЕДСКА И ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ САМО ФИНСКА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО, КАЖА ЕРДОГАН

    МОЖЕБИ ЌЕ ЈА ШОКИРАМЕ ШВЕДСКА И ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ САМО ФИНСКА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО, КАЖА ЕРДОГАНПрокурдски демонстранти обесија кукла на Ердоган на еден протест во Стокхолм (Фото: Твитер)

    Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција можеби ќе го дозволи приемот на Финска во НАТО, но не и на Шведска. Тој го критикуваше шведското одбивање да екстрадира десетици луѓе кои наводно се поврзани со курдските милитанти и други критичари на турската влада.

    Ако навистина сакате да се придружите на НАТО, мора да ни ги вратите овие терористи“, изјави Ердоган.

    Пред неколку дена, Турција ги суспендираше преговорите за прием на двете скандинавски држави во НАТО во пресрет на парламентарните и претседателските избори во земјата, кои ќе се одржат во средина на мај. Тоа уследи по серија протести во Стокхолм, при што беше запалена копија на Коранот, што дополнително ја разлути Турција.

    Од сите членки на НАТО, само Унгарија и Турција досега не ја ратифицираа апликацијата на Шведска и Финска.

    Можеби ќе дадеме поинаков одговор за Финска, што ќе ја шокира Шведска. На Шведска ѝ дадовме листа од 120 луѓе што сакаме да бидат екстрадирани. Ако не го направи тоа, ќе ѝ биде жал“, кажа Ердоган.

    Шведска има поголема курдска дијаспора од Финска. На барање на Турција, Шведска усвои уставен амандман што ѝ овозможува да донесе построги антитерористички закони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира