Џо Бајден смета дека би го победил Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. Во интервју за „Ју-Ес-Еј тудеј“, тој сепак призна дека не е сигурен дали би имал физичка сила за уште еден четиригодишен мандат.
„Засега сум добар. Но, кој знае каков ќе бидам на 86 години“, изјави 82-годишниот Бајден.
Тој одлучи да се повлече од претседателската трка по лошиот настап на дебатата со Трамп, по која се најде под голем притисок во својата партија и беше заменет со Камала Харис.
„Имајќи ги предвид анкетите, верувам дека би победил. Кога Трамп повторно се кандидраше навистина мислев дека имам најголеми шанси да го победам. Но, исто така не сакав да бидам претседател на 85-86 години“, кажа Бајден, кој вчера стана прадедо откако се породи неговата најстара внука Наоми.
По тешкиот пораз на Харис на изборите, некои од водечките демократи кажаа дека таа ќе поминеше многу подобро ако Бајден порано се повлечеше.