НА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ОД „АЗОВСТАЛ“ ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ВО НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА ДОЊЕЦК

    НА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ОД „АЗОВСТАЛ“ ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ВО НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА ДОЊЕЦКВкупно 2.439 борци се предадоа минатата недела (Фото: АП)

    Украинските борци кои се предадоа од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол ќе се соочат со судење во самопрогласената Народна Република Доњецк, изјави сепаратистичкиот лидер Денис Пушилин.

    Затворениците од ‘Азовстал‘ се држат на територијата на Народната Република Доњецк. Веќе се планира формирање меѓународен суд на територијата на републиката“, изјави Пушилин.

    Тој не прецизираше со какви обвиненија би можеле да се соочат украинските борци.

    Вкупно 2.439 борци, вклучувајќи и припадници на Азовскиот баталјон, се предадоа минатата недела. Најголем дел од нив беа префрлени во руска затворска колонија близу Доњецк. Украина се надева дека тие ќе бидат разменети за руски воени заробеници, но засега нема ваква најава од руската страна. 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира