НАД 20 ЗАГИНАТИ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ПЕРУ ПО СМЕНАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КАСТИЉО

    НАД 20 ЗАГИНАТИ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ПЕРУ ПО СМЕНАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КАСТИЉОПриврзаниците на Кастиљо продолжија да ги блокираат клучните патишта (Фото: АФП)

    Властите на Перу одржаа разговори на највисоко ниво во обид да најдат решение за продлабочената политичка криза предизвикана од смената на претседателот Педро Кастиљо. Тој беше уапсен на 7 декември откако го распушти парламентот и се обиде да изврши државен удар.

    Пред тричасовниот состанок на Државниот совет, министрите за образование и култура поднесоа оставка поради насилните протести низ земјата, во кои што досега загинаа најмалку 20 демонстранти.

    Истовремено, околу 5.000 туристи се заглавени во историскиот град Куско, откако локалниот аеродром беше затворен среде протестите. Приврзаниците на Кастиљо продолжија да ги блокираат клучните патишта.

    Во четвртокот, осум луѓе загинаа во судирите помеѓу безбедносните сили и демонстрантите во градот Ајакучо, кои уследија откако врховниот суд му изрече 18-месечен притвор на Кастиљо, додека против него се води истрага за побуна и заговор. На протестите се бара затворање на Конгресот, оставка на претседателката Дина Болуарте и вонредни избори.

    Политичкиот хаос во Перу трае веќе со години, при што повеќе лидери беа обвинети за корупција, а претседателските мандати завршуваат порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира