НАД 200.000 ЗАРАЗЕНИ И 8.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ЕВРОПА СЕ ЗАТВОРИ И СОЗДАДЕ ХАОС НА ГРАНИЦИТЕ

    НАД 200.000 ЗАРАЗЕНИ И 8.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ЕВРОПА СЕ ЗАТВОРИ И СОЗДАДЕ ХАОС НА ГРАНИЦИТЕКамионите заглавени на автопат во Германија направиле редица од 50 километри пред полската граница (Фото: АП)

    Бројката заразени со коронавирусот на светско ниво надмина 200.000, додека Европската Унија почна да враќа луѓе кои не се нејзини државјани откако вчера донесе одлука за затворање на своите надворешни граници на 30 дена. Истовремено, во светот сега има повеќе од 8.000 починати.

    Група патници од Турција била вратена од аеродромот во Франкфурт, објави агенцијата ДПА. Забраната за влез се применува на сите 27 земји членки на Унијата, плус Исланд, Швајцарија, Норвешка и Лихтенштајн.

    Затворањето на границите нема да се одрази на превозот на стоки, но поради тестирањето на возачите, во некои држави се создале огромни редици од камиони. Илјадници камиони синоќа чекале да влезат од Литванија во Полска, создавајќи редица од 60 километри, додека пред унгарската граница во Австрија имало редица од 28 километри. 

    На сите кои се останати во рамките на Унијата ќе им биде помогнато да се вратат во своите земји. Германија објави дека ќе продолжи да враќа дома илјадници туристи, од Мароко и Египет, до Филипини и Аргентина.

    Белгија е последната земја која воведе карантин, што ќе погоди 11,4 милиони луѓе. Во земјата досега има 14 починати, а пријавени се и 243 новозаразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира