Над 400 луѓе беа приведени во Русија додека му оддаваа почит на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во оддалечената казнена колонија на Арктикот, објави истакната група за човекови права. Ненадејната смрт на 47-годишниот Навални беше катастрофален удар за многу Руси, кои своите надежи за иднината ги положија на најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин. Навални остана гласен во своите немилосрдни критики за Кремљ дури и откако преживеа труење со нервен агенс и доби повеќекратни затворски казни.
Причината за смртта на Навални и денеска е нејасна оти уште не е извршена аутопсија, а остана нејасно кога властите ќе му го дадат телото на неговото семејство.
Веста одекна низ целиот свет, а стотици луѓе во десетици руски градови во петокот и саботата дојдоа со цвеќиња и свеќи до ад-хок спомен-местата и спомениците на жртвите на политичките репресии за да му оддадат почит на Навални. Во повеќе од десет градови, полицијата до синоќа уапси 401 лице, според групата за права на ОВД-Инфо, која следи политички апсења и обезбедува правна помош.
Повеќе од 200 апсења беа извршени во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, соопшти групата. Меѓу приведените беше Григориј Михнов-Војтенко, свештеник на Апостолската православна црква – религиозна група независна од Руската православна црква – кој на социјалните мрежи обави дека планира да одржи комеморација за Навални и беше уапсен во вчераутро пред неговиот дом. Тој беше обвинет за организирање митинг и беше приеведен во ќелија во полициска станица, но подоцна беше хоспитализиран поради мозочен удар, објави ОВД-Инфо.
Судовите во Санкт Петербург наредија 42 од приведените во петокот да отслужат затвор од еден до шест дена, додека други девет беа казнети, соопштија судските власти доцна синоќа. Во Москва, најмалку шест лица добија казна од 15 дена затвор, според ОВД.
Смртта на Навални е ден месец пред претседателските избори во Русија за кои на очекува на претседателот Владимир Путин да добие уште шест години власт.
„Не можам да се спречам себеси да не ги мразам жестоко, диво оние што ја продадоа, ја пропуштија и ја потрошија историската шанса што ја имаше нашата земја во раните 1990-ти“, има речено во една прилика Навални критикувајќи ги корумпираните руски политичари и олигарси.