НАД 60 МРТВИ ВО БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ЏАМИЈА ВО АВГАНИСТАН

    НАД 60 МРТВИ ВО БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ЏАМИЈА ВО АВГАНИСТАНДосега никој не ја презел одговорноста за нападот (Фото: АП)

    Десетици луѓе се убиени во бомбашкиот напад за време на петочна молитва во џамија во Авганистан. Експлозијата била толку силна, што бил уништен и покривот на џамијата во источната провинција Нангархар.

    Никој досега не ја презел одговорноста за нападот, но Талибанците ја негирале вмешаноста. Досега е потврдена бројката од 62 загинати.

    Нападот уследи само еден ден откако Обединетите нации излегоа со извештајот за бројката на цивилни жртви во Авганистан во текот на летото и таа изнесува 1.174 мртви за периодот јули-септември, најмногу во еден квартал откако почна да се води евиденцијата пред десет години.

    Локалните медиуми објавија дека се слушнале неколку експлозии, при што има и 36 повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира