НАЈАВЕНИ МАСОВНИ ДЕМОНСТРАЦИИ НА ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ЕРДОГАН ВО ГЕРМАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Минхен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАЈАВЕНИ МАСОВНИ ДЕМОНСТРАЦИИ НА ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ЕРДОГАН ВО ГЕРМАНИЈА

    СПЕЦИЈАЛНО ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК ОД МИНХЕН: ДАНИЕЛА СТОЈАНОВИЌ-КАРГОВ

    За в недела, 31 јули, се најавуваат масовни демонстрации на приврзаниците на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Германија, кои ќе се одржат во Келн.

    Се очекува присуство на околу 20 илјади претставници на турското малцинство во Германија, кои со ова сакаат да му искажат поддршка на Ердоган за мерките што ги превзема по неуспешниот обид за пуч од пред две недели. Во Келн, јавуваат медиумите, ќе биде присутен голем број полициски и други безбедносни структури, оти се стравува дека демонстрациите можат да прераснат во немири, бидејки, се шпекулира, можно е истовремено да демонстрираат и припадниците на германскиот екстремен десничарски блок.

    Германските Турци по неуспешниот пуч во Турција веќе следниот ден на германските улици ја славеа „победата на Ердоган”. Од друга страна, бројни политичари, новинари и интелектуалци со турско потекло се жестоки критичари на Ердоган и на неговиот авторитарен режим, поради што се почесто се под притисок и закани кои доаѓаат од Турција. Завчера, министерот за внатрешни работи на Туција, во изјава за турскиот „Си-Ен-Ен“ побара Германија да им ги испорача судиите и државните тужители кои, според нив се подржувачи на Фетулах Ѓулен, а кого Ергоган го обвини како организатор на Пучот.

    Во Германија има околу 3,5 милиони жители со турско потекло и се најбројно малцинство во земјата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари