Седумгодишно момче е спасено по 14 часа под урнатините на станбена зграда во Димер во Киевската област, по рускиот напад во кој загинаа најмалку 11 луѓе. Од урнатата зграда жива е извлечена и 79-годишна жена, изјави началникот на Киевската област, Тимур Ткаченко.
Украинските власти соопштија дека момчето од Димер е во стабилна состојба и е однесено во болница.
Претходно беше кажано дека шест лица се повредени и дека има исчезнати.
„Во операцијата за спасување и расчистување се вклучени 130 луѓе и тие ќе продолжат сè додека не се добијат целосни информации за секој поединец“, кажа Зеленски, додавајќи дека еден дел од станбената повеќекатница е разнесен на парчиња.
Зеленски изјави дека во текот на изминатата недела Русија извршила напади врз 20 украински региони, при што употребила околу 2.700 беспилотни летала, речиси 1.460 авионски бомби и 165 ракети.



