НАЈМАЛКУ 6 ЖРТВИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИСТАНБУЛ, ЕРДОГАН СЕ СОМНЕВА НА ТЕРОРИЗАМ

    НАЈМАЛКУ 6 ЖРТВИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИСТАНБУЛ, ЕРДОГАН СЕ СОМНЕВА НА ТЕРОРИЗАМЕрдоган рече дека експлозијата може да е терористички акт. (Фото: АП)

    Најмалку шест лица загинаа, а 53 се ранети во експлозија на бомба на историската улица Истиклал во Истанбул, според претседателот Реџеп Таип Ердоган. Експлозијата се случи околу 16:20 часот по локално време во областа Бејоглу на улицата кој излегува на плоштадот Таксим. Врз основа на првичните информации од гувернерот на Истанбул Али Јерликаја, Ердоган рече дека експлозијата може да е терористички акт.

    „Турција нема да потклекне пред тероризмот. Ќе ги идентификуваме сите одговорни за нападот“, рече Ердоган. „Нашата нација треба да биде сигурна дека сторителите на инцидентот на улицата Истиклал ќе бидат казнети како што заслужуваат“, додаде тој.

    Претходно, Јерликаја на Твитер соопшти дека во моментов се лекуваат ранетите.

    Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека досега не се пријавени македонски државјани кои побарале помош по денешната експлозија, а во вонредна функција се ставени Генералниот конзулат во Истанбул како и Амбасадата во Анкара. При евентуална потреба за помош македонските државјани може да контактираат на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.

    Главното јавно обвинителство во Истанбул започна истрага за експлозијата. Назначени се пет јавни обвинители. Кривичниот суд на Истанбул забрани емитување на сите визуелни и аудио вести и социјални мрежи поврзани со експлозијата.

    Станува збор за една од најфреквентните улици во областа Бејоглу на кои има многу продавници, на која во 2016 години имаше напад на бомбаш самоубиец.

    Турција беше погодена од низа смртоносни бомбашки напади меѓу 2015 и 2017 од групата Исламска држава и забранетите курдски групи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира