НАЈМАЛКУ 80 ЗАГИНАТИ ВО ГЕРМАНИЈА, 11 ВО БЕЛГИЈА ВО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ

    НАЈМАЛКУ 80 ЗАГИНАТИ ВО ГЕРМАНИЈА, 11 ВО БЕЛГИЈА ВО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИПоради рекордните врнежи во западна Европа, реките се излеаја од коритата и го опустошија регионот. (Фото: ЕПА)

    Најмалку 80 луѓе загинаа, а многумина се исчезнати во Германија во најголемите поплави последниве децении. Поради рекордните врнежи во западна Европа, реките се излеаја од коритата и го опустошија регионот.

    И во Белгија има најмалку 11 мртви по екстремните временски услови, кои политичарите велат дека се последица на климатските промени.

    Германската канцеларка Ангела Меркел вети целосна поддршка за жртвите. Премиерот на погодената Северна Рајна-Вестфалија рече дека поради климатските промени сè почесто ќе се соочуваме со вакви катастрофи и дека затоа е потребно да се забрза донесувањето посебни мерки за заштита од климатските промени, оти тие не погодуваат само една земја.

    Експертите велат дека се очекува климатските промени да ја зголемат појавата на екстремо невреме, но сепак, поврзувањето на секое невреме со глобалното затоплување е комплицирано.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира