НАЈМАЛКУ 920 ЗАГИНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО АВГАНИСТАН ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ

    НАЈМАЛКУ 920 ЗАГИНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО АВГАНИСТАН ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИВластите очекуваат бројот на загинати да расте (Фото: АП)

    Најмалку 920 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што утрово го погоди Авганистан, објавија талибанските власти.

    Епицентар бил околу 44 километри од североисточниот град Кост, а тресењето се почувствувало и во Пакистан и Индија, како и 500 километри низ Авганистан, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот имал магнитуда од 6,1 степен според Рихтерова скала и се случил во раните утрински часови кога многумина спиеле.

    Талибанскиот лидер Хибатула Акунџада изјави дека стотици куќи се уништени, а бројот на жртвите ќе расте. Ова е најсмртоносниот земјотрес во земјата во изминатите две децении.

    „Најмалку 920 луѓе загинале, а над 600 се повредени“, кажа министерот за управување со катастрофи Шарафудин Муслим.

    Најголемиот број жртви е во два округа од источната провинција Пактика, а мали оштетувања имало и во Пакистан.

    Земјотресите во Авганистан, кој се наоѓа во тектонски активен регион, често предизвикуваат големи штети бидејќи во многу рурални средини се живее во нестабилни или лошо изградени куќи.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира