НАЈМАЛКУ 11 УБИЕНИ, ОД КОИ ОСУМ ДЕЦА, ВО ПУКАЊЕТО ВО УЧИЛИШТЕ ВО РУСКИОТ ГРАД КАЗАН

    НАЈМАЛКУ 11 УБИЕНИ, ОД КОИ ОСУМ ДЕЦА, ВО ПУКАЊЕТО ВО УЧИЛИШТЕ ВО РУСКИОТ ГРАД КАЗАНСредното училиште во Казан во кое се случило пукањето (Фото: Гети)

    Најмалку 11 луѓе се убиени во пукањето во едно средно училиште во рускиот град Казан, објави државната новинска агенција РИА. Таа додава дека според првичните информации, меѓу загинатите се осум ученици и еден професор.

    Според агенцијата „Интерфакс“, две лица пукале во училиштето, а приведен е еден од нив, кој има 19 години. Вториот напаѓач наводно бил убиен на четвртиот спрат од зградата. Еден сведок изјавил дека во училиштето се слушнала експлозија пред да почне пукањето.

    Снимките од местото на настанот покажуваат голем број луѓе пред училиштето откако тоа беше евакуирано, а пристигнале и најмалку 20 амбулантни возила.

    „Ова е катастрофа. Во болница се 12 деца и четворица возрасни. Еден терорист е уапсен. Тој има 19 години“, изјави претседателот на Република Татарстан, Рустам Миниханов.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира