НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ ВО НЕНАДЕЈНО НЕВРЕМЕ ВО ЦЕНТРАЛНА ИТАЛИЈА

    НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ ВО НЕНАДЕЈНО НЕВРЕМЕ ВО ЦЕНТРАЛНА ИТАЛИЈАТри лица и натаму се водат како исчезнати

    Силни дождови и поплави го погодија централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум луѓе, а тројца се водат како исчезнати.

    Локалните власти изјавија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“, при што наврнале 400 милиметри дожд во рок од два-три часа. Тоа довело до поплави во неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбано.

    Не се очекуваше олку лошо време и затоа не беше огласена тревога“, изјави регионалниот шеф на цивилната заштита Стефано Агуци.

    Снимките што ги објавија противпожарните екипи покажуваат спасувачи како со гумени чамци евакуираат луѓе во приморскиот град Сенигалија. Утрово, пожарникарите извлекле тело на маж кој загинал во налет на вода додека бил во својот автомобил.

    И натаму се трага по преживеани. Меѓу исчезнатите се и жена и нејзината осумгодишна ќерка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира