НАСА ЈА ИЗБРА КОМПАНИЈАТА НА ИЛОН МАСК „СПЕЈСЕКС“ ДА ГИ ВРАТИ ЛУЃЕТО НА МЕСЕЧИНАТА

    НАСА ЈА ИЗБРА КОМПАНИЈАТА НА ИЛОН МАСК „СПЕЈСЕКС“ ДА ГИ ВРАТИ ЛУЃЕТО НА МЕСЕЧИНАТАВселенското летало ќе биде базирано на „Старшип“, ракетата на „СпејсЕкс“ која се тестира во Тексас. (Фото: НАСА/уметничка илустрација)

    НАСА ја избра компанијата на Илон Маск „СпејсЕкс“ да го направи модулот за слетување со кој луѓето би се вратиле на Месечината до крајот на оваа деценија. Овој модул треба да ги однесе следните луѓе на површината на Месечината во рамки на програмата „Артемис“ на Американската вселенска агенција.

    „СпејсЕкс“ се натпреваруваше против конзорциум на традиционалните гиганти во ова поле, како и против „Блу Ориџин“ на основачот на „Амазон“ Џеф Безос. Вкупната вредност на договорот што му го додели НАСА на „СпејсЕкс“ изнесува 2,9 милијарди долари.

    Програмата „Артемис“, почната од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, имаше за цел враќање на Месечината во 2024 година, но намалените средства за модулот за слетување го направија тоа невозможно.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира