НАТО ВЕТИ ПОДДРШКА ЗА ИДНОТО ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА И ЈА ОБВИНИ КИНА ДЕКА ЈА ПОТТИКНУВА РУСКАТА АГРЕСИЈА

    НАТО ВЕТИ ПОДДРШКА ЗА ИДНОТО ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА И ЈА ОБВИНИ КИНА ДЕКА ЈА ПОТТИКНУВА РУСКАТА АГРЕСИЈАНАТО објави дополнително интегрирање во украинската војска и помош од 40 милијарди долари следната година (Фото: Шатерсток)

    Членките на НАТО ветија поддршка за „неповратен пат“ на Украина кон членството, како и уште помош на самитот во Вашингтон, на кој западната воена алијанса одбележува 75 години постоење. Иако формална временска рамка за нејзиното придружување не беше договорена, 32-те членки на НАТО ветија непоколобелива поддршка за воените напори на Украина.

    НАТО објави дополнително интегрирање во украинската војска и помош од 40 милијарди долари следната година, што вклучува авиони „Ф-16“ и противвоздушна одбрана.

    Поддршката за Украина не е милосрдие, туку наш сопствен безбедносен интерес“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, потврди дека во тек е трансфер на авиони „Ф-16“ од Данска и Холандија во Украина. Тоа ќе биде првпат Украина да добие вакви напредни авиони, што долго време ги бараше. Блинкен додаде дека авионите ќе бидат во употреба ова лето.

    Руската инвазија во Украина е главна тема на самитот, при што сите членки усвоија декларација дека Русија останува најзначајната и најдиректна закана за безбедноста. Договорено е и формирање нова единица за координирање на воената помош и обуката на украинската војска.

    Сите овие мерки претставуваат мост за украинското членство во НАТО“, стои во заедничката изјава на членките.

    Во исто време, Кина беше означена како клучен поттикнувач на руската војна против Украина, што е една од најострите забелешки за вмешаноста на Кина досега. Тоа предизвика остар одговор од кинеската дипломатска мисија во ЕУ, која го повика НАТО да престане да провоцира конфронтација и ривалство и да збори за таканаречена кинеска закана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира