НАТО ВЕТИ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА И ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ВОЈНАТА БИ МОЖЕЛА ДА ПОТРАЕ

    НАТО ВЕТИ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА И ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ВОЈНАТА БИ МОЖЕЛА ДА ПОТРАЕМинистерот за надворешни работи Кулеба уште еднаш побара од НАТО да испрати оружје во Киев (Фото: Твитер)

    Членките на НАТО се согласија да ја засилат поддршката за Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг по средбата на која Украина побара да добие повеќе оружје за одбрана од руската инвазија.

    „НАТО веќе обезбеди значителна поддршка за Украина и тренираше десетици илјади украински војници во изминатите години, но сојузниците се подготвени да придонесат и повеќе кога е во прашање воената опрема“, кажа Столтенберг.

    Тој не прецизираше со какви оружја НАТО ја снабди Украина, освен дека меѓу нив има и модерни и оружја од советско време.

    Шефот на НАТО предупреди дека војната во Украина би можела да потрае.

    „Нема назнаки дека Путин ги променил своите цели, а тоа е да ја контролира целата Украина. Војната би можела да трае со недели, месеци, дури и години. Сојузниците помагаат да се скрати времетраењето на конфликтот така што ѝ нанесуваат сериозна штета на Русија со санкциите. Ако војната трае долго, најмногу ќе страда украинскиот народ, но секако постои и ризик од ескалација надвор од границите на Украина“, кажа Столтенберг.

    Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба уште еднаш побара од НАТО да испрати оружје во Киев пред да биде доцна.

    „Или ќе ни помогнете веднаш или ќе умрат уште многу луѓе. Не зборуваме за листа на оружје, туку за временски рок“, кажа Кулеба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира