НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ПОВЕЌЕ ГИ САКАМ ЛЕГАЛНИТЕ АФРИКАНЦИ ОД НЕЛЕГАЛНИТЕ БУГАРИ, МАКРОН МУ СЕ ИЗВИНИЛ НА БОРИСОВ ЗА НЕДОРАЗБИРАЊЕ

    НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ПОВЕЌЕ ГИ САКАМ ЛЕГАЛНИТЕ АФРИКАНЦИ ОД НЕЛЕГАЛНИТЕ БУГАРИ, МАКРОН МУ СЕ ИЗВИНИЛ НА БОРИСОВ ЗА НЕДОРАЗБИРАЊЕБорисов и Макрон за време на средбата ЕУ- Западен Балкан во мај 2018 година во Софија - архивска фотографија (ЕПА)

    Претседателот на Франција Емануел Макрон му се јавил на бугарскиот премиер Бојко Борисов за да му каже дека не бил правилно пренесен во интервју на крајнодесничарски весник во кое ги навредил бугарските граѓани што живеат во Франција, соопшти Кабинетот на Борисов, а објавија речиси сите бугарски медиуми. Во интервју за магазинот „Вале актуел“ Макрон изјавил дека „повеќе ги почитува легалните работници, мигранти од Гвинеја и од Брегот на слоновата коска, отколку Бугари и Украинци со нивните нелегални канали“.

    Вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева ѝ нареди на бугарската амбасадорка во Париз да испрати протестна нота до Елисејската палата и побара објаснување од францускиот амбасадор во Софија за ставот на Макрон до понеделник.

    Во меѓувреме, во саботата Макрон му се јавил на Борисов и му се извинил за недоразбирањето, тврдејќи дека тоа што го пишува во интервјуто не е вистина. Борисов го прифатил објаснувањето. „Тој ме увери дека никогаш не ги критикувал бугарските граѓани и работници“, напиша Борисов на неговиот службен Фејсбук профил.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари