НЕГАТИВЕН Е ТЕСТОТ ЗА ДРОГА НА ФИНСКАТА ПРЕМИЕРКА МАРИН, САМА СИ ГО ПЛАТИЛА ТЕСТИРАЊЕТО

    НЕГАТИВЕН Е ТЕСТОТ ЗА ДРОГА НА ФИНСКАТА ПРЕМИЕРКА МАРИН, САМА СИ ГО ПЛАТИЛА ТЕСТИРАЊЕТООд посетата на Сана Марин на Македонија на 20 јуни годинава. (Фото: К. Попов)

    Финската премиерка Сана Марин е негативна на тестот за дрога, соопшти финската влада, откако минатата недела излезе видео на кое таа танцува, пее и пие на неодамнешна забава. Марин (36) се согласи да го направи тестот во петокот за да ја отфрли сите сомнежи за нејзиното однесување. Таа вели дека никогаш не се дрогирала и негира дека правела нешто незаконско на забавата, но вели дека пиела алкохол.

    На видеото се гледа како таа се забавуваа со пријателите, меѓу кои и една финска поп-ѕвезда.

    Во соопштението на владата се вели дека на тестот „не е пронајдена дрога“. Се додава дека премиерката сама ги платила трошоците за тестот. Специјалниот советник Иида Валин, цитиран од новинската агенција АФП, рече дека примерокот од урината на Марин бил тестиран за кокаин, амфетамини, канабис и опиоиди.

    По објавувањето на видеата, Марин се соочи со критики од неколку политичари, при што еден лидер на опозициска партија бараше да направи тест за дрога. На прес-конференцијата минатата недела, новинарите запрашаа дали премиерката, која е на власт од декември 2019, можела да донесе итни владини одлуки ако било потребно. Таа се бранеше, велејќи дека нејзината способност да функционира е „навистина добра“, и рече дека никогаш не користела дрога, дури ни како тинејџерка.

    Во знак на поддршка на Марин, на социјалните мрежи изминатава недела жени од цел свет објавуваа видеа на кои танцуваат, тверкаат со задниците и се забавуваат.

    Најмладата шефица на влада во светот, Марин не крие дека се забавува и често се фотографира на музички фестивали. На почетокот на овој месец, Марин беше прогласена за „најкул премиер во светот“ од германскиот весник „Билд“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира