НЕКОЛКУМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА ПОСТОЈКА ВО СТОКХОЛМ

НЕКОЛКУМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА ПОСТОЈКА ВО СТОКХОЛМПолицијата не го објави бројот на жртвите (Фото: Икс)

Неколку луѓе загинаа и има повредени откако автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм. Трагедијата се случи околу 15 часот во централниот дел на градот.

Полицијата го опиша инцидентот како тешко убиство од небрежност и засега не го објави бројот на жртвите.

Националната телевизија СВТ кажа дека двокатниот автобус ѝ припаѓа на компанијата „Трансдев“, која ја води локалната автобуска служба во северен Стокхолм. Еден очевидец изјави дека автобусот удрил во столб пред автобуската станица.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира