НЕМА ДА БИДАМ КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР НА БУГАРИЈА, КАЖА БОРИСОВ

    НЕМА ДА БИДАМ КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР НА БУГАРИЈА, КАЖА БОРИСОВБорисов вели дека нема намера да ја дели нацијата како претседателот Радев (Фото: Ројтерс)

    Бојко Борисов објави дека нема да биде кандидат за премиер на Бугарија, иако неговата партија ГЕРБ победи на неодамнешните парламентарни избори.

    „Звучи нескромно, но нема поподготвен човек од мене. Не случајно сме прва политичка сила во земјата. Многумина сакаат јас да бидам премиер, но отсекогаш сум сметал дека силата е во единството. Јас нема да бидам кандидат за премиер што ќе го предложи ГЕРБ. Ќе биде предложен друг кандидат“, изјави Борисов при посетата на Велико Трново.

    ГЕРБ остана најголемата група во парламентот по изборите што се одржаа на 4 април, но изгуби една четвртина од досегашните пратенички места. Останатите партии кои влегоа во парламентот кажаа дека не се заинтересирани да коалицираат со Борисов, кој пак на досегашната опозиција ѝ понуди формирање експертска влада, која би имала важност до декември.

    „Не е во ред и јас како претседателот Радев да ја делам нацијата. Јас ќе предложам друг кандидат за претседател на влада, кој би имал проевропска и про-НАТО ориентација“, додаде Борисов и уште еднаш повтори дека ќе го одбие мандатот ако му биде понуден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира