НЕМА ДА НЀ УПЛАШИТЕ И ПОДЕЛИТЕ – ЦЕЛА ФРАНЦИЈА МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА УБИЕНИОТ УЧИТЕЛ

    НЕМА ДА НЀ УПЛАШИТЕ И ПОДЕЛИТЕ – ЦЕЛА ФРАНЦИЈА МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА УБИЕНИОТ УЧИТЕЛИ премиерот Кастекс се придружи на големиот собир на Плоштадот на Републиката во Париз (Фото: АП)

    Илјадници луѓе се собраа низ Франција денеска за да им дадат поддршка на учителите и да ја бранат слободата на изразувањето, како реакција на убиството на Самуел Пати, наставникот по историја и географија кој беше обезглавен во петокот.

    Од Париз до Лион, од Марсеј до Лил, маси народ мирно маршираа и протестираа, а на Плоштадот на Републиката во Париз им се придружија и премиерот Жан Кастекс, министри, опозициски политичари и градоначалничката Ан Идалго.

    „Не се плашиме од вас! Нема да нѐ поделите! Ние сме Франција“, напиша Кастекс на Твитер подоцна.

    Пати беше убиен во петокот во предградие на Париз откако беше нападнат пред училиштето од 18-годишен бегалец од Чеченија, наводно затоа што на своите ученици им покажувал карикатури на пророкот Мухамед кога им предавал за слобода на изразувањето. Абдула Анзоров беше убиен од полицијата, која потоа уапси уште 11 лица.

    „Сакам учителите да знаат дека целата држава е со нив. Оваа трагедија нѐ погоди сите, ова е напад на републиката“, изјави Кастекс.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира