НЕМА НИКАКОВ НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО САД ЗАШТО НЕ НИ РАЗГОВАРАМЕ, ВЕЛИ ИРАН

    НЕМА НИКАКОВ НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО САД ЗАШТО НЕ НИ РАЗГОВАРАМЕ, ВЕЛИ ИРАНИран го отфрли тврдењето на Трамп дека САД го контролираат Ормускиот Теснец (Фото: АП)

    Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната, изјави висок ирански функционер, додавајќи дека нема никаков напредок во разговорите за оживување на привремениот договор од јуни. Техеран притоа го отфрли тврдењето на Доналд Трамп дека САД го контролираат Ормускиот Теснец, инсистирајќи дека тој останува блокиран.

    Ормускиот Теснец останува блокиран и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат условите на Иран“, соопштија властите.

    Договорот постигнат во јуни предвидуваше итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, но брзо се распадна и двете страни веќе не го сметаат за важечки.

    Иран само збори, а ништо не дејствува, тој веќе не е насилникот на Блискиот Исток“, рече Трамп.

    Иран ги отфрли извештаите дека се согласил да го продолжи 60-дневниот период за постигнување договор.

    „Нема разговори за продолжување. Нема период што започнал и затоа нема ништо за продолжување. САД го прекршија привремениот договор 48 часа откако беше постигнат и се повлекоа од него неколку дена подоцна“, изјави еден извор за Ројтерс.

    Спорот околу транзитните права во теснецот доведе до неодамнешната ескалација на воениот конфликт помеѓу Вашингтон и Техеран. Пред САД и Израел да почнат да го напаѓаат Иран на 28 февруари, превозот низ Ормускиот Теснец се одвиваше непречено. Иран потоа ефективно го затвори за најголемиот број бродови и сообраќајот низ него сега е минимален.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира