НЕМА ПОДОБАР И ПОПАМЕТЕН ЛИДЕР ОД ОРБАН, КАЖА ТРАМП ПО СРЕДБАТА СО УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР

    НЕМА ПОДОБАР И ПОПАМЕТЕН ЛИДЕР ОД ОРБАН, КАЖА ТРАМП ПО СРЕДБАТА СО УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕРОрбан го посети Трамп во неговата резиденција во Флорида (Фото: ЕПА)

    Џо Бајден го критикуваше својот ривал Доналд Трамп што се сретна со Виктор Орбан, за кого кажа дека сака диктатура.

    Унгарскиот премиер вчера беше во Флорида за да се види со „својот добар пријател Трамп“, на кого во повеќе наврати му посака да се врати на власт во САД.

    Тој Орбан од Унгарија јасно кажа дека демократија не функционира и дека сака диктатура. Гледам иднина каде што ја браниме демократијата, а не ја намалуваме“, кажа Бајден.

    Орбан на Фејсбук објави фотографија на која позира со Трамп пред неговата резиденција во Мар-а-Лаго.

    Господине претседателе, направете ја Америка повторно голема! Претседателот Трамп беше претседател на мирот, тој заговараше почит во светот и со тоа создаде услови за мир. Додека тој беше претседател имаше мир на Блиски Исток и во Украина и денес ќе немаше војна доколку тој беше претседател на САД. Се согласивме дека во светот ќе има мир кога ќе има светски лидери кои сакаат мир. Горд сум што Унгарија е една од тие земји“, кажа Орбан.

    Трамп возврати дека нема подобар и попаметен лидер од Виктор Орбан.

    Тој е фантастичен. Не е контроверзна личност, тој е шеф и кажува како треба да биде“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира