НЕМАМ НАМЕРА ДА НОСАМ МАСКА, КАЖА ТРАМП ЗА ПРЕПОРАКАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ

    НЕМАМ НАМЕРА ДА НОСАМ МАСКА, КАЖА ТРАМП ЗА ПРЕПОРАКАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИТрамп вели дека не му личи да седи во Овалниот кабинет со маска (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека нема намера да носи заштитна маска поради коронавирусот, и покрај новата препорака што здравствените власти им ја упатија на Американците.

    „Не можам да се замислам како пречекувам претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици носејќи маска. Препораката е доброволна. Не мора да го правите тоа. Мислам дека јас нема да носам“, изјави Трамп.

    Американските центри за контрола на болести и превенција ја издадоа препораката за носење маска откако бројката заразени низ земјата порасна на 270.473, а 7.152 пациенти починале, од кои 1.480 во последните 24 часа.

    „Од последните студии дознавме дека поединците без симптоми играат далеку позначајна улога во ширењето на вирусот отколку што мислевме порано. Сепак, јас не сакам да носам маска. Не ми личи да седам така зад ова прекрасно биро во Овалниот кабинет“, изјави Трамп.

    Официјални лица предупредија дека во САД има недостиг на заштитни маски и дека тие би требало да им се остават за здравствените работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира