НЕНСИ ПЕЛОСИ ГО ИСКИНА ГОВОРОТ НА ТРАМП ДОДЕКА ТОЈ Ѝ СЕ ОБРАЌАШЕ НА НАЦИЈАТА

    НЕНСИ ПЕЛОСИ ГО ИСКИНА ГОВОРОТ НА ТРАМП ДОДЕКА ТОЈ Ѝ СЕ ОБРАЌАШЕ НА НАЦИЈАТАТрамп не се поздрави со Пелосу при доаѓањето на бината, по што таа искина копија од неговиот говор (Фото: АП)

    Доналд Трамп го славеше „големото враќање“ на Америка во традиционалното годишно обраќање до нацијата, што го одржа додека во Сенатот трае судење за неговото отповикување, на кое се очекува да биде ослободен.

    Доаѓајќи на бината, Трамп ја изигнорира подадената рака од спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која подоцна искина копија од неговиот говор, додека тој ги изнесуваше своите заклучоци.

    Држејќи го говорот во силно поделениот Конгрес, Трамп го искористи моментот за да најави нов четиригодишен мандат во Белата куќа.

    „Непријателите на Америка се во бегство, богатствата на Америка се зголемуваат, а иднината на Америка свети сјајно. За само кратки три години, го уништивме губитничкиот менталитет. Се движиме напред со темпо што беше незамисливо пред кратко време и нема враќање назад“, изјави Трамп.

    Во својот 78-минутен говор, тој ниту еднаш не го спомна зборот импичмент, а меѓу поканетите гости беа лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо и братот на маж убиен од нерегистриран мигрант.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира