НЕРЕДИ ВО ХАГ ВО ВТОРАТА НОЌ ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА ПРОТИВ НОВИТЕ КОРОНАМЕРКИ

    НЕРЕДИ ВО ХАГ ВО ВТОРАТА НОЌ ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА ПРОТИВ НОВИТЕ КОРОНАМЕРКИГолем број велосипеди настрадаа на протестите во Холандија (Фото: АФП)

    Нови нереди ноќеска избија во Холандија поради новите коронамерки во земјата, ден откако полицијата пукаше на протестот во Ротердам. Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и пиротехника и палеа велосипеди во Хаг, додека илјадници луѓе излегоа и на улиците во Австрија, Хрватска и Италија поради воведувањето на нови ограничувања.

    Светската здравствена организација истовремено изрази загриженост за порастот на бројот на заразени во Европа, стравувајќи дека до март ковид-19 би можел да однесе уште половина милион животи ако не се преземат итни мерки.

    Нереди ноќеска имаше во повеќе градови во Холандија, а најжестоко беше во Хаг, каде што полицијата со коњи, кучиња и палки ги растеруваше демонстрантите. Властите кажаа дека најмалку седум лица се уапсени, а петмина се повредени, додавајќи дека е отворена истрага за пукањето во Ротердам во петокот вечер, по кое три лица завршија во болница.

    Во Виена протестираа 25.000 луѓе поради најавеното воведување на целосен карантин од утре, додека во Загреб маршираа илјадници луѓе за да го изразат своето незадоволство од воведувањето на задолжителното вакцинирање за вработените во јавниот сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира