НЕТАНЈАХУ МОРА ДА БИДЕ ЗАПРЕН КАКО ХИТЛЕР, КАЖА ЕРДОГАН

    НЕТАНЈАХУ МОРА ДА БИДЕ ЗАПРЕН КАКО ХИТЛЕР, КАЖА ЕРДОГАНЕрдоган вели дека Израел мора да одговара за геноцидот во Газа (Фото: АФП)

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека Израел ќе плати цена за геноцидот во Газа, додека светот одбележува една година од почетокот на крвавата и уништувачка војна, која во меѓувреме се прошири и во Либан.

    Не треба да се заборави дека Израел порано или подоцна ќе ја плати цената за геноцидот што го спроведува веќе една година и го продолжува“, напиша Ердоган на Икс.

    Тој го опиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како „касапот на Газа“ и го спореди со Адолф Хитлер.

    Како што Хитлер беше запрен од алијанса на човештвото, на ист начин ќе бидат запрени и Нетанјаху и неговата убиствена мрежа. Свет во кој никој нема да сноси одговорност за геноцидот во Газа никогаш нема да пронајде мир. Долгогодишната израелска политика на геноцид, окупација и инвазија мора да заврши“, кажа Ердоган и повика на признавање на палестинската држава.

    Од почетокот на војната во Газа загинаа речиси 42.000 луѓе и не се знае судбината на уште 10.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира