НЕТАНЈАХУ СЕ ПОФАЛИ СО ПОДДРШКАТА ОД ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО ИЗРАЕЛ, НАЈАВИ НОВА ВОЈНА ПРОТИВ ИРАН

    НЕТАНЈАХУ СЕ ПОФАЛИ СО ПОДДРШКАТА ОД ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО ИЗРАЕЛ, НАЈАВИ НОВА ВОЈНА ПРОТИВ ИРАНГлавен конкурент на Нетанјаху е поранешниот шеф на војската Гади Ајзенкот (Фото: ДПА)

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху се пофали со поддршката што ја доби од Доналд Трамп во пресрет на денешните избори во Израел, сугерирајќи дека би можеле повторно да ја започнат војната против Иран доколку тој победи.

    „Претседателот на САД, Доналд Трамп, донесе пријателство какво што никогаш не постоело помеѓу некој израелски премиер и американски претседател. И прашање е дали некогаш повторно ќе имаме толку пријателски настроен претседател. Тој има уште две години пред себе и ве повикува да гласате за мене“, кажа Нетанјаху.

    Во неделата, Трамп ги повика Израелците да гласаат за Нетанјаху, зашто „имаат работа што треба да ја завршат“. Наспроти Трамп, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс не го поддржа Нетанјаху.

    „Трамп беше подготвен да преземе дејствија кои конечно би ја отстраниле иранската закана. Веќе им дадов насоки на Мосад и на војската да го урнат овој режим бидејќи тоа е единствениот начин да се стави крај на оваа закана“, изјави Нетанјаху.

    Трамп претходно кажа дека не планира нови напади врз Иран пред ноемвриските меѓуизбори во САД.

    Нетанјаху се соочува со борба за политички опстанок на денешните избори, први по упадот на палестинските милитанти во Израел во 2023, што беше вовед во војните во Газа и Иран. Анкетите најавуваат тесна трка помеѓу партијата Ликуд на Нетанјаху и нејзините десничарски сојузници од една страна и ривалската коалиција предводена од Гади Ајзенкот од друга страна. Поранешниот шеф на војската ужива поддршка и од десницата и од центарот

    Ниту Нетанјаху, ниту Ајзенкот немаат јасен пат до власта. Доколку ниту еден од нив не успее да формира владејачка коалиција, Нетанјаху би можел да остане на функцијата како преоден премиер сè до одржувањето на нови избори следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира