НИЗ КУЌАТА НА УАПСЕНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЕНДРЈУ ТЕЈТ ПОМИНАА НАД 100 ЖЕНИ, ОТКРИ НЕГОВИОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ

    НИЗ КУЌАТА НА УАПСЕНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЕНДРЈУ ТЕЈТ ПОМИНАА НАД 100 ЖЕНИ, ОТКРИ НЕГОВИОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛТејт се наоѓа во 30-дневен притвор додека полицијата ги истражува обвинувањата за силување и трговија со луѓе (Фото: АП)

    Низ комплексот на уапсениот инфлуенсер Ендрју Тејт близу Букурешт поминале повеќе од 100 жени за две години, од кои најголем дел имале под 25 години, откри неговиот шеф на обезбедувањето Богдан Станку. Тејт, кој живеел во Романија од 2017, се наоѓа во 30-дневен притвор додека полицијата ги истражува обвинувањата за силување и трговија со луѓе.

    Станку откри дека понекогаш морал физички да ги отстранува жените од куќата на Тејт зашто биле препијани или преопасни, но никогаш не била применета сила.

    Најголем дел од жените кои го поминуваа времето со Ендрју и неговиот брат Тристан имаа под 25 години. Сите трошоци беа плаќани од Ендрју. Некои девојки погрешно ја сфаќаа реалноста и веруваа дека ќе бидат негова следна сопруга. Потоа тие лесно се трансформираа од пријател во непријател“, вели Станку.

    Тој додаде дека Тејт стравувал дека некој сака да го повреди.

    Не е јасно од каде доаѓаа тие негови верувања. Не би рекол дека беше параноичен. Сакаше да има нормален живот, а не можеше, па можеби таквото негово однесување беше нормално“.

    Станку вели дека браќата Тејт имале неколку деца во Романија и понекогаш ги посетувале.

    Истражителите минатата недела ја проширија истрагата против Тејт на уште седум имоти, вклучувајќи вила во подножјето на Карпатите во северна Романија. Во саботата беа запленети 15 луксузни автомобили од неговиот комплекс близу Букурешт, вредни 3,6 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира