НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР ЗА КОЛУМБИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ХУАН МАНУЕЛ САНТОС

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Осло,(Би-Би-Си)

    НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР ЗА КОЛУМБИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ХУАН МАНУЕЛ САНТОС

    Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја доби Нобеловата награда за мир за неговиот труд да му стави крај на 52-годишниот конфликт со левичарските бунтовници.
    Нобеловиот комитет во Норвешка му испрати пофалби за неговиот договор за мир со бунтовниците од „Фарк“, потпишан минатиот месец, по четири години преговори.
    Сепак, Колумбијците го одбија договорот на референдум минатиот викенд.
    Во конфликтот загинаа околу 260.000 луѓе, а повеќе од шест милиони биле внатрешно преселени.
    „Норвешкиот Нобелов Комитет реши да му ја додели Нобеловата награда за мир на колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос за неговите решителни обиди за да и стави крај на 50-годишната граѓанска војна“, изјави претседателката на комитетот Каци Кулман Фајв.
    „Наградата исто така треба да се гледа како знак на почит за народот на Колумбија“, додаде таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира